Вчера во 18.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај с. Колари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мини купер“ со италијански регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(26) од с.Колари, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(76) од с. Зајас, кичевско и патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(52) од Скопје.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
По незгодата, тројцата возачи и сопатниците во патничкото моторно возило „ауди“, Ф.А.(74) од с. Зајас и патничкото моторно возило „мини купер“ А.З.(23), Н.А.(54), И.З.(56) и Л.З.(31), сите од с. Колари биле пренесени во Медицински центар Кичево и кај Х.Б., А.З., Н.А. и И.З. биле констатирани повреди, а кај Л.А. и З.И. биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.