Повеќе од 400 поими и нивните дефиниции за родова еднаквост достапни на македонски јазик

пред 3 години

Од денеска на македонските граѓани им се достапни повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Од таму посочуваат дека Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИГЕ) ги превел Поимникот и Речникот кој ги содржи сите синоними и сродни концепти и на македонски јазик.

„Целта на Поимникот и Речникот со македонски зборови е заедничко разбирање на поимите за родова еднаквост во чувствителната комуникација на оваа тема во ЕУ и пошироко“, објаснуваат од ресорното министерство.

Додаваат и дека на темата „Родово чувствителна комуникација“ била организирана дводневна регионална виртуелна работилница, на која повеќе од 60 учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција имале можност да научат како да го употребуваат и промовираат родово-одговорниот и инклузивен јазик во нивната работа, во националните документи, како и во јавната комуникација.

Поимникот и Речникот со кој се гради заедничко разбирање за поимите за родова еднаквост, освен на македонски јазик, преведен е и на албански, српски и босански јазик.

Речникот е достапен на следниот линк.

Share
Scroll to Top