Повредена жена која со автомобилот излетала од патот во Охрид

пред 3 години

Синоќа на магистаралниот пат Охрид-Ресен, М.С.(44) од Охрид, управувајќи автомобил со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.

„Во незгодата, М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата Св.Еразмо во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид“, соопшти полицијата.

Несреќата се случила на околу 700 метри после планинскиот превој Буково.

Share
Scroll to Top