Повредено 22-годишно момче, со возилото излетало од патот

пред 3 години

Изутринава во 01.10 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, Х.К.(22) од с.Големо Коњари, Прилепско, со возило „фолксваген пасат“ изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата Х.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

Share
Scroll to Top