Полициски хеликоптер активиран за гаснење на пожарот на Жеден

Полициски хеликоптер активиран за гаснење на пожарот на Жеден

пред 11 месеци

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е ангажиран за гаснење на пожарот, кој од вчера е активен на планината Жеден.

Од ЦУК информираат дела гори само трева на тешко пристапен терен.

„Нема опасност за населени места или какви било други објекти“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Од ЦУК аплираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар да се пријавува на единствениот повикувачки број 112, како и другите итни случаи, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Текстот Полициски хеликоптер активиран за гаснење на пожарот на Жеден е превземен од МАКФАКС.