Попладневниот земјотрес предизвика штети во куќи во Галичник

пред 3 години

Во одделни куќи во Галичник, регистрирани се штети по земјотресот во 15.25 часот попладнево, со магнитуда од 4,8 степени и епицентар во Кичево, кој беше почувствуван во повеќе градови и населени места низ државата.

„Би било пожелно сопствениците на куќите да ја проверат состојбата на истите и доколку има настанато штета, штетата да се пријави на надлежните институции“, се вели на официјалната фејсбук-страница на Месната зедница Галичник.

Ве информираме дека од земјотресот во 15.25 часот има настанато штета во одделни куќи во Галичник. Би било пожелно…

Posted by МЗ Галичник / MZ Galichnik on Среда, 11 ноември 2020

Попладневниот земјотрес беше втор по јачина по утринскиот, кој беше со магнитуда од 5,5.

Земјотресот од пет степени според Рихтервата скала, кој рано утрово се почувствува во земјата, е нормална сеизмичка активност на раседот Дебар – Елбасан, а нови потреси, но со помал интензитет, се сосема очекувани, вели професорот Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени, за „Макфакс“.

Share
Scroll to Top