Попова: Град Скопје почнува со транспарентно работење пред очите на јавноста

пред 2 години

На денешната седница на Советот на Град Скопје се обрати советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “За обнова на Македонија”, Ирена Попова која се осврна реализацијата на буџетот за 2021 година, како и на транспарентноста која што после четири години повторно е вратена во Советот на Градот Скопје, односно на отворените седници кои он-лајн се пренесуваат на социјалните мрежи со цел граѓаните да бидат запознаени со тековната работа на Советот на Градот Скопје, како и во однос на донесувањето одлуки кои се однесуваат на скопјани.

Во однос на реализацијата на буџетот на Град Скопје за 2021 година, Попова истакна дека и овој буџет не е ништо поразличен од оној во изминатите четири години, бидејќи едно заедничко нешто кое ги поврзува сите овие четири буџети е огромната нереализација на ветените проекти од страна на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

Попова истакна дека пред четири години скопјани требаше да добијат нов луна парк, односно самиот луна парк беше доведен до финална фаза и крајна реализација на истиот. Но, како што вели Попова, некој од најразлични причини или лична суета, решил да го стопира градењето на луна паркот во Скопје.

“Ова го зборував и на изминатите седници во поранешниот советнички состав, но не можам да го заобиколам ниту сега. Зборуваме за локалниот економски развој. Замислете, од предвидени 51-проект за развој на локалната економија, реализирани се едвај десет проекти. Во однос на образованието, сакам да прашам каде се 28 милиони денари кои беа вишок во училиштата од дотациите предвидени исклучиво за развој на образованието? Тоа се пари кои што Собранието преку донесувањето на буџет ги обезбеди за развој на образованието, но и покрај пренамената на средствата, очигледно е дека тие средства се злоупотребени и не се наменети за развој на младите воопшто. Да не зборуваме за програмата за животна средина, каде што се остварени само субвенциите за клима инвертери и електрични тротинети. Тоа значи дека апсолутно ништо не е направено ниту за животната средина”, додаде Попова.

Во однос на привремени вработувања, поранешниот градоначалник Шилегов потрошил 28 милиони денари и за тоа може да се каже дека е единствената ставка каде што поранешниот градоначалник го сработил својот дел и ситуирал партиски другари во Градот Скопје. Петре Шилегов, како и сите негови соработници треба да одговорат каде се парите кои што не се искористени за развој на градот, а биле планирани, како и тоа да одговори на граѓаните каде се парите од продажбата на Градската Куќа, заврши Попова.

Share
Scroll to Top