Поради опожарено возило, во прекин сообраќајот на патот Струмица-ГП-Ново Село

пред 2 години

Вечерва од 19:30 часот на магистралниот пат А-4, Струмица-ГП-Ново Село, поради опожарено патничко возило на патот, сообраќајот е во целосен прекин, соопшти АМСМ.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 километар пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, апелираат од АМСМ.

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонија пат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share
Scroll to Top