„Порше“ излета на улицата Питу Гули, повредени две лица

пред 4 години

Изутринава во 02.10 часот во Скопје на улицата Питу Гули, патничко возило „порше кајен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(36) од Скопје излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а сопатникот М.П.(43) од Скопје се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top