Посебен режим на сообраќај поради натпреварот „Триоги триатлон“ во Скопје

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека, денеска, од 9 до 12 часот, поради натпреварот „Триоги триатлон“, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во Скопје.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од булеварот Илинден“, потоа на потегот од крстосницата на булеварот 8 Септември до крстосницата со улицата Љубљанска и обратно.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува на околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.