Последниве месеци имаме серија одбивања од семејствата за донирање бубрег од починати лица, се пожалија лекарите

Последниве месеци имаме серија одбивања од семејствата за донирање бубрег од починати лица, се пожалија лекарите

пред 2 часа

Со поразителни факти за органодарителството денес Клиниката за нефрологија од одбележа Светскиот ден на бубрегот. Лекарите се пожалија дека последните месеци се зголемил бројот на семсјства кои не даваат согласност за трансплантација дури и во случаи кога се работи за донори кои биле комплетно обработени и погодни за трансплантација.

„Постојано ги следиме потенцијалните дарители и за жал во последниве месеци имаме серија на одбовања од семејствата за давање согласност на донори кои што беа комплетно обработени и сосема погодни за трансплантација. Жално е кога се спремате неколку денови да трансплантирате, сите тимови се подготвени, а на крај семејството нема да даде согласност. Затоа апелирам дека нема ништо поблагодарно и поблагородно од тоа да се спаси човечки живот во момент кога еден човечки живот згаснува“, рече националната кординаторка за трансплантација, Билјана Кузмановска.

Со семејствата на починатите таа вели дека се разговара за донирање во посебно ранлив и стресен период, па со измените на Законот за трансплантација во одлучувањето ќе доминира волјата на починатиот место за него да одлучуваат други што ќе се постигне со регистар на донори.

Директорот на клиниката за нефрологија Никола Ѓорѓиевски вели дека постојано работат на унапредување на процесот на бубрежна трансплантација која кај нас се изведува веќе неколку децении.

„Има години кога бројто на трансплантирани пациенти е поголем, има години кога борјот е помал. Бубрежната трансплантација во Македонија се изведува како од починато лице, така и од жив дарител. Токму денеска апелот на мојот говор ќе биде кон зголемување на јавната свест за кадаверична трансплантација, односно трансплантација од почитнато лице. Органодарителството претставува еден голем чин на хуманост, на солидарност и на човекољубие“, вели директорот Ѓорѓиевски.

Министерот за здравство, Азир Алиу, смета дека е загрижувачки што листата на пациенти кои чекаат бубрег е голема и постојано расте, а листата на потенцијални донори е мала и постојано се намалува. Тој во следниот период најави поинтензивна активност за информирање на граѓаните и креирање свест во која донорството ќе биде дел од нашиот живот,  а не исклучок.

За хемодијализа на пациентите државата годишно одвојува 25 милиони евра, но министерот Алиу нагласи дека квалитетот на живот на граѓаните кои одат на дијализа би бил далеку подобар со транасплантација на бубрег.

Во земјава околу 85% од пациентите со терминална бубрежна слабост се третираат со хемодијализа, додека околу 15% со трансплантација на бубрег.

Текстот Последниве месеци имаме серија одбивања од семејствата за донирање бубрег од починати лица, се пожалија лекарите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top