Постојат можности за излезни решенија по блокадата од Бугарија, порача Заев

пред 3 години

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска го прими членот на Европскиот парламент и претседавач на заедничкиот парламентарен комитет за соработка меѓу Европската Унија и нашата земја Андреас Шајдер.

Заев се заблагодари на поддршката што доаѓа од Европскиот парламент и изрази очекување дека и покрај денешната одлука на Република Бугарија да не даде поддршка за преговарачката рамка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, со засилена комуникација и дополнителен ангажман постојат можности за излезни решенија за да има успех за сите, за македонската интеграција, за Република Бугарија, за регионот и за Европската Унија.

Европратеникот Шајдер на средбата го изрази високото задоволство од исклучително добриот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија во процесот на интеграцијата во ЕУ, и го оцени како силна порака и потврда за определбата на земјата да ги исполни обврските во пресрет на отворањето на преговорите за членство во Унијата.

 

Share
Scroll to Top