Потрагата по Мартин ќе продолжи и утре, договорија македонското и грчкото МНР

пред 2 години

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес оствари телефонски разговор со својот грчки колега, Никос Дендијас, на кој беше разговарано за состојбата со потрагата по исчезнатото момче од земјава.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

За време на разговорот Османи замоли за продолжување на потрагата и покрај изминувањето на редовниот рок, при што беше информиран од својот колега дека е донесена одлука со која се продолжува потрагата по исчезнатиот.

За време на разговорот, Османи упати благодарност за трудот и пожртвуваноста на грчката крајбрежна служба, военото воздухопловство и локалното население, вклучени во потрагата, информираа од МНР.

Разговорот уследи по формалното упатување на нота до Министерството за надворешни работи на Грција со молба за продолжување на потрагата иако денес изминува рокот до кога се организираат ваквиот тип потраги

Share
Scroll to Top