Почеток на нова инвестиција во ИТ секторот, чешката групација „Арикома“ го презема „Сеавус“

пред 3 години

Формалниот почеток на нова чешка инвестиција во ИТ секторот во земја, ќе биде објавен денеска.

Станува збор за инвестицијата во компанијата „Сеавус“ која е купена од нaјголемиот ИКТ-холдинг во Чешка, групацијата „Арикома“.

По тој повод во 14 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обратат премиерот Зоран Заев и чешкиот амбасадор Мирослав Томан, како и директорот за ИТ инвестиции во групација „Арикома“ Михал Томанек и Игор Лештар, управен директор на групацијата „Сеавус“.

Share
Scroll to Top