Починатата тетовка немала 19, туку 59 години – превид бил направен поради згрешен матичен број

пред 3 години

Нема починато 19-годишно девојче во тетовската Општа болница, туку 59-годишна жена, соопштија од Министерството за здравство.

Станува збор за превид поради напишан погрешен матичен број на починатата пациентка, од каде се извлекуваат податоците за возраста и идентитетот.

„Нема почината пациентка на 19-годишна возраст во Клиничката болница во Тетово“, велат од Министерството за здравтво.

Информацијата ја коригираше и докторот Гзим Нуредини, координатор на ковид-центарот при Клиничка болница во Тетово, на чија изјава претходно се повикаа повеќе медиуми.

Координаторот Нуредини посочува дека жената имала и претходни заболувања. Таа страдала од дијабетес и имала прекумерна тежина. Поради тоа што била во тешка здравствена состојба, таа била ставена на респиратор за дишење.

Share
Scroll to Top