Почна украсувањето на Карпош, Општината ќе потроши 600.000 денари

пред 3 години

Од плоштадот „Делфина“ во Влае 2 започна новогодишното украсување на Општина Карпош. По украсувањето на овој јавен простор службите ќе се упатат кон украсување и на кружниот тек на улицата „Париска“, платото на „Млечен“, како и дел од паркот спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“.

„Оваа година, локалната самоуправа предвиде симболично украсување на општината, имајќи ја предвид ситуацијата со коронавирусот и тешката финансиска состојба. Иако беа планирани два милиони денари, сепак, за украсување се одвоија 600.000 денари, а преостанатите средства од 1.400.000 денари се наменети за дополнително опремување на градинките и училиштата со прочистувачи за воздух“, соопштија од Општина Карпош.

Share
Scroll to Top