Почнува изградбата на нова спортска сала во Воената академија во Скопје

Почнува изградбата на нова спортска сала во Воената академија во Скопје

пред 4 месеци

Премиерот, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување на камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје.

Инвеститор на овој проект е Министерството за спорт, а вредноста изнесува 64.780.000 денари.

По завршувањето на инвестицијата, спортската сала ќе биде дадена на трајно користење на Министерството за одбрана, за тренинг на питомците на Воената Академија, но ќе бидат обезбедени термини и за учениците и жителите на Општина Аеродром.

Текстот Почнува изградбата на нова спортска сала во Воената академија во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top