Почнува 43. Скопско лето со преку триесет музички и културни настани

пред 2 години

Концерти, театарски претстави, изложби и програми за деца се на програмата на 43 -то издание на Скопско лето, што ќе се одржи од 21 јуни до 30 јули. Европскиот Креативен Оркестар при Институтот „Фаме С“, ќе ја отвори официјалната програма на Скопско лето на 21 јуни во Националната опера и балет.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

„По две години од коронавирусот, полека се враќаме на старите патеки. Овој фестивал има своја мултимедијална програма, сака да комуницира од најмладите до повозрасните, со оние кои имаат поистенчени и естетски вкусови но и оние кои можеби културата малку повеќе ја сфаќаат како забава. Скопско лето секогаш опстојува на тоа да гради високи естетски критериуми кај публиката а тоа го правиме благодарение на самите уметници“, рече директорот на Дирекцијата за култура и уметност Скопје, Никола Глигоров.

Предвидени се гости уметници од Јапонија, САД и Канада, но и гости од регионот, Бугарија, Грција, Црна Гора, Србија но и од европските држави.

Годинава во рамки на фестивалот ќе се одржат театарските претстави „Нема да е крај на светот“, „Торонто Експрес“, „Последната лента на Крап“, театарска претстава за деца „Во детска соба“, концерт на „Танец“, изложба на Пол Ванд од САД „Природа на математиката“, концерт на „Џим Политис Квартет“.

Share
Scroll to Top