Почувствуван земјотрес во Гостивар, Тетово и околината

Почувствуван земјотрес во Гостивар, Тетово и околината

пред 2 часа

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Текстот Почувствуван земјотрес во Гостивар, Тетово и околината е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top