По заканите, Лајка го згрижи кучето Бела од Ново Лисиче

пред 3 години

По секојдневните пријави и закани по животот за кучето Бела, од жител на населбата Ново Лисиче, таа е заловена од тимот на ЈП Лајка.
 
„Во моментов Бела е згрижена и се адаптира на новата средина. Важно е дека е на безбедно и ги помина сите потребни прегледи.Многубројни граѓани кои се грижеле за Бела повеќе од 8 години посочуваат дека таа не е опасна по животот на луѓето, ниту пак има агресивна природа, туку е исклучително питома.За кратко време, со својот племенит карактер Бела ги освои срцата на вработените во прифатилиштето кои направија неколку фотографии од неа и кои ќе се потрудат да и најдат соодветен дом“, соопштија од Лајка.

Share
Scroll to Top