Министерот за здравство Венко Филипче по вчерашната средба со турскиот претседател Таип Ердоган во Истанбул соопшти дека Турција ќе ни донира 30.000 вакцини „Синовак”.
„Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот ‘Синовак’. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган“, напиша Филипче на социјалните мрежи.