По 1.000 денари за пензионерите во април, мај и јуни

пред 2 години

Во наредните три месеци април, мај и јуни над 330.000 пензионери, ќе добиваат по 1.000 денари месечно.

Финансиската помош за пензионерите ја договорија Владата и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите.

Од Владата синоќа истакнаа дека со новата методологија ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт. Финансиската поддршка за пензионерите, како што беше посочено, се обезбедува заради економската криза која е предизвикана и од Ковид-пандемијата, но и од конфликтот меѓу Украина и Русија.

Од владејачкиот СДСМ утрово образложија дека со усвојувањето на новата методологија се обезбедува континуран раст на пензиите во просек по 900 денари.

Тоа, како што наведуваат од владејачката партија, претставува рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата.

Дополнително, се обезбедуваат и 3.000 денари за финансиска помош за пензионерите.

„Во наредните три месеци (април, мај и јуни) над 330.000 пензионери, во овој период на криза, ќе добиваат по 1.000 денари месечно. Оваа финансиска помош од дополнителни 3.000 денари е од исклучителна важност за пензионерите во време на проширена енергетска криза. СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и го штити стандардот на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Share
Scroll to Top