Првиот македонски контингент од 44 војници замина за Косово

пред 4 години

Првиот македонски контингент од 44 припадници на Армијата денеска од касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, заминаа кон Косово, соопшти министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Таа на „Фејсбук“ напиша дека македонските војници во следните шест месеци ќе работат како штабни офицери во главната команда на КФОР во Приштина и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад.

„Ве чекаме за 6 месеци здрави и живи дома, побогати со искуството од нашата прва мисија како НАТО членка. Среќно!#МКвоНАТО #WeAreNATO“, напиша министерката.

Share
Scroll to Top