Прегазена жена на улица во Скопје, со тешки повреди пренесена во болница

пред 3 години

Скопјанка вчера била прегазена од возило на улицата Христијан Тодоровски – Карпош во Скопје, соопшти МВР.

„Товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.И.(61) од Скопје удрило во С.А.(71) од Скопје. Oд незгодата со повреди се задобила С.А на која во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top