Предлог за македонски амбасадор во Бугарија се очекува во следните денови

пред 2 години

Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија.

„Навистина беше пропуст што сите овие години ние немавме амбасадор таму. Се’ уште немаме утврдено име. Се надевам дека наредните денови ќе имаме предлог за амбасадор“, изјави Османи за БТВ.

Државата нема амбасадор во бугарската престолнина од април 2020.

Share
Scroll to Top