Предложениот закон за една изборна единица да влезе во собраниска процедура, порача Милошоски

пред 2 години

Предложениот закон за една изборна единица треба да влезе во собраниска процедура и да дојде на комисиска расправа за да може секој да го искаже своето мислење, порача пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ како пратеничка група и како коалиција го поддржува изборниот модел една изборна единица, кој би требало во иднина да биде усогласен со компаративното право и изборниот праг што би се применувал.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средби со претседателите на политичките партии ДОМ, ТДП и Српската партија во Македонија во однос на изборниот модел, со кои, како што рече Милошоски, имаат заеднички гледишта.

 

Share
Scroll to Top