Преименување на булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош” во ,,Мајка Тереза” во Чаир, продолжува систематското бришење на антифашизмот, велат од Левица

Преименување на булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош” во ,,Мајка Тереза” во Чаир, продолжува систематското бришење на антифашизмот, велат од Левица

пред 5 месеци

Денес, функционери на ВРЕДИ и тоа – вицепремиерот и поранешен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и сегашниот градоначалник на Општината, Висар Ганиу, го обелоденија преименувањето на булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош” во ,,Мајка Тереза”, велат од Левица.

„За ситни политички поени и за продолжување на проектот на ДУИ за целосно бришење на антифашистичкото минато од оваа скопска општина, сега на ред дојде и овој булевар кој го поврзува северниот дел од градот со централното градско подрачје. Претходно на овој тренд на преименување подлегнаа и улиците кои ги носеа имињата на чаирски народни херои: како ,,Цветан Димов” која стана ,,Хасан Приштина”; како улицата ,,Втора македонска ударна бригада” преименувана во ,,Адем Демачи” и Паркот на НОБ кој стана Парк Украина и во кој сега стои и биста на некогашниот американски претседател Вудро Вилсон, меѓу другите“, посочуваат од Левица и додаваат:

„Напоредно, ВРЕДИ ќе менува и ДВЕСТЕ имиња на улици во Тетово по желба на неофашистичкиот градоначалник и со благослов од ДПМНЕ, од кои повеќето носат имиња од НОБ. Исцртувањето на етнички линии и ,,беирутизација” на Скопје се соништа на политичката елита од албанските партии, за да се подели државата како политички плен и да се зголеми мизеријата на обичните луѓе. За овој план е потребно бришење на спомениците на антифашизмот, цел кон која и оваа Влада на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ брза“.

Текстот Преименување на булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош” во ,,Мајка Тереза” во Чаир, продолжува систематското бришење на антифашизмот, велат од Левица е превземен од МАКФАКС.