Прекин на електронските услуги поради надградба на системот на „Водовод и канализација“

пред 2 години

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на главниот град, дека поради планирана системска интервенција/надградба на електронските услуги кои ги нуди претпријатието, како и телефонската комуникација кон Дежурно-информативниот центар ќе бидат во прекин в сабота, 12 февруари, со почеток од 14 до 17 часот.

„За сите потребни информации корисниците ќе можат да се обратат на контакт телефонот 072 304 269, кој ќе биде во функција во овој временски интервал“, информираат од јавното претпријатие.

Share
Scroll to Top