Прекин на сообраќајот кај Калиманци поради одрон

пред 3 години

Според информација од ЈП МакедонијаПат, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.

Инаку АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот премин Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Намалена видливост поради појава на магла до 20 метри има на патниот правец Тетово – село Лисец.

(Фото: илустрација)

Share
Scroll to Top