Преку интернет договориле средба со малолетничка, па ја силувале шест часа

пред 2 години

Тетовското основно јавно обвинителство поведе постапка против две лица осомничени дека сториле кривично дело обљуба врз немоќно лице.

Како што се наведува во соопштението за натастанот, оштетената 15-годишна девојка преку социјална мрежа се запознала со едниот осомничен, 18-годишен жител на селото Рашче, општина Сарај и се договориле да се сретнат во Тетово.

На закажаната средба на 29 јануари, 18-годишникот пристигнал заедно со вториот осомничен, 54-годишен жител на Арачиново.

Злоупотребувајќи ја немоќта на оштетената, која била неспособна за отпор, осомничените во периодот од 10 до 16 часот на критичниот ден, на повеќе локации вршеле полови дејствија со неа.

Осомничениот 54-годишник е лишен од слобода, додека по другиот осомничен се трага.

Јавниот обвинител, по донесената наредба за истрага доставил и предлог за определување притвор за двајцата осомничени.

Судија го прифатил предлогот и за двајцата осомничени определен е притвор во траење од 30 дена, со тоа што за осомничениот кој што е во бегство мерката ќе започне да се применува од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.​​

Share
Scroll to Top