Преку Ковакс за Северна Македонија 103.200 вакцини против Ковид-19

пред 3 години

Механизмот Ковакс објави план за дистрибуција на вакцини за земјите во развој, според кој околу 800.000 дози, најмногу од вакцината Астра зенека ќе бидат распределени на Балканот, во првата половина од годината.

Србија ќе добие најмногу во регионот – 345.600 дози, БиХ 180.000, Албанија 141.600, Северна Македонија 103.200, Косово 100.800 и Црна Гора 84.000.

Според табелата што ја објави „Еуроњус“, сите дози кои ќе пристигнат во Македонија ќе бидат од вакцината на Астра зенека.

 

Кога станува збор за земјите во светот, Индија ќе добие најмногу, 97,2 милиони дози, Пакистан 17,2 милиони, Нигерија 16 милиони, Индонезија 13,7 милиони, Бангладеш 12,8 милиони, Бразил 10,6 милиони, Кенија 4,2 милиони, Судан 3,4 милиони, Јемен 2,3 милиони и Сирија 1,02 милиони.

 

Share
Scroll to Top