Премиерот Заев ќе биде покровител на прославата по повод 80 години од антифашистичкото востание

пред 4 години

Премиерот Зоран Заев ги прими Никола Стојаноски, претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОВ и Борко Зафировски, потпретседател на Главниот одбор.

Како што информираат од кабинетот на премиерот, претставниците на Сојузот на борците на средбата ја потенцирале симболиката на јубилеите со кои оваа година се одбележуваат значајни настани од поновата историја, како што се 30 години независност, првата годишнина од членството во НАТО, како и 80 годишнината од антифашистичкото востание и народноослободителната војна кои започнаа на 11 октомври 1941 година.

Заев ја прифатил поканата да биде покровител на, како што рекол, оваа значајна годишнина од историјата на нашата држава во чест на борците од НОВ.

„Тие со својот самопрегор се вградија како државотворци во создавањето и впишувањето на македонската држава во мапата на народите на светот“, истакнал премиерот.

Share
Scroll to Top