Пренџов: Власта веднаш да преземе итни мерки за справување со ценовните шокови

пред 2 години

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов на денешната прес-конференција ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги одбиле нивните барања за намалување на акцизата на горивата за моторни возилата за 50% и до 31 декември 2022 година данокот на додадена вредност за производите за човечка исхрана и за топлинската енергија – парното да бидат оданочени со 0%.

„ Ова се барања кои СДСМ и ДУИ во вторникот одбија да се разгледаат на пленарна седница. СДСМ и ДУИ бегаат од дебата за овие предлог мерки со кои значително ќе се намали финансискиот товар врз граѓаните и стопанството. Наместо веднаш да стапат на сила даночните олеснувања кон граѓаните и стопанството тие донесоа дневен ред со несуштински и неважни работи за граѓаните, но истовремено не заборавија да го стават Законот за полиција. Прашувам, што е поважно за граѓаните и стопанството? Дали законот за полиција со кој Оливер Спасовски ќе има можност да унапредува или деградира за цели три скалила вработени во МВР или е поважен животниот стандард на два милиони граѓани и целокупното стопанство“ изјави Пренџов.

Тој побара од власта веднаш да почне со преземање на мерки за справување со ценовните шокови што ги имаме и што не’ очекуваат.

„ Власта мора да го намали ударот врз граѓаните и стопанството и токму затоа треба: Да ја намали акцизата за горивата за 50%; Да го намали ДДВ за производи за човечка исхрана од 5% на 0%; Да го намали ДДВ за топлинската енергија т.е. парно од 5% на 0%; Да го одложи зголемувањето на ДДВ за електричната енергија за најмлаку 6 месеци.

На граѓаните и бизнис секторот не им се потребни видео клипови од Илинденска, туку реални мерки кои ќе го намалат финансискиот товар кој е се’ поголем“ порача Пренџов.

Share
Scroll to Top