Пресметка со нож и пиштол во Куманово

пред 4 години

Синоќа на улицата Благој Илиев – Гуне во Куманово се случил инцидент, пришто биле употребени пиштол и нож.

Според информациите од МВР, едно лице било избодено и завршило во болница.

„На 02.05.2021 во 23.25 часот во СВР Куманово, Е.Ј. од Куманово пријавил дека на ул.„Благој Илиев – Гуне“ имало инцидент во кој учествувал и неговиот брат Е.Ј., при што Б.И.(34) од Куманово пукал со оружје. Полициски службеници излегле на местото и по кажување на Ј.Х.(45) од Куманово, во врска со настанот, тој и Б.И. околу 23.00 часот биле на крстосницата од ул.„Благој Илиев – Гуне“ и „Тоде Мендол“ и во тој моментим се доближило едно лице кое со остар предмет го нападнал и му нанел убодна рана на Б.И.. Тој бил пренесен во болницата во Куманово се укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Share
Scroll to Top