Пресуда за „Талир 2“: Груевски доби шест години затвор, Божиновски условна казна, сe бара и заплена на партискиот имот

пред 2 години

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски доби затворска казна од 6 години, додека поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски, доби 2 годишна условна затворска казна за случајот „Талир 2“ кој се однесува на изградбата на партиското седиште на партијата, познато како белата палата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според судската пресуда и двајцата ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице „АД Бетон“.

Од јули 2012 година до јануари 2013 година, како претседател Груевски иако знаел дека партијата е непрофитна организација, спротивно на Закон за финансирање на политички партија донел одлука да се најде инвеститор да изгради објект според неговите желби и барања, а Божиновски постапувајќи по неговите насоки, за изградба на партиското седиште. Во тоа време, фирмата „АД Бетон“ веќе имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, што пак е спротивно за повеќе закони.

Со ваквата постапка, тие противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари. Од тие пари, пак, подоцна е купуван недвижен имот низ Македонија на име на партијата и тоа во Берово, Кавадарци, Велес, Кисела вода, Виница, Радовиш, Штип и други градови. Судот предлага конфискација на овој имот.

Во соопштението на судската пресуда се вели дека деталната анализа на материјалите докази упатува на тоа дека одлуките донесени од органите на партијата даваат само привидна форма на законска постапка, иако претходно веќе сите работи веќе биле договорени со „АД Бетон“.

Share
Scroll to Top