Претежно облачно време со услови за слаб дожд, најавуваат метеоролозите

Претежно облачно време со услови за слаб дожд, најавуваат метеоролозите

пред 2 часа

Денеска времето ќе биде претежно облачно и тивко, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се движи од -1 до 4 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 12 и 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со краткотрајни сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник се очекува период на постабилно време, со можност за појава на утринска магла по котлините.

Текстот Претежно облачно време со услови за слаб дожд, најавуваат метеоролозите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top