Претпладне облачно со услови за дожд, попладне намалување на облачноста

пред 4 години

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови, времето ќе биде сончево со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Share
Scroll to Top