Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

пред 3 часа

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.

Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.

Повеќе информации се најавени во текот на денот.

Текстот Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top