Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со в.д. амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.
На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји, како и стабилното партнерство кое се темели на споделените демократски вредности и тесната институционална соработка.
Соговорниците разговараа за парламентарната агенда и актуелните институционални случувања. Нагласена беше важноста од ефикасното функционирање на демократските институции, зајакнувањето на улогата на Собранието и унапредувањето на реформите во интерес на граѓаните.

На крај, беше потврдена заедничката посветеност за понатамошно продлабочување на партнерството и стратешкиот дијалог.
Текстот Претседателот на Собранието, Гаши се сретна со в.д. амбасадорката на САД: потврдени одличните односи меѓу двете земји е превземен од МАКФАКС.





