Приведени двајца дилери од Гостивар, пронајден хероин

пред 4 години

Полицијата уапси две лица од Гостивар осомничени за продажба на хероин.

Според информациите од МВР, вчера во 22.40 часот, во близина на Неготински мост, атар на село Врапчиште, гостиварско, приведени се Н.Д.(34) и Ш.Д.(50), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Додека Ш.Д. управувал автомобил „пежо“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое како сопатник бил Н.Д., од страна на полициски службеници бил даден знак за сопирање, но возилото не застанало и се оддалечило, а од него била исфрлена ќеса со кафеава прашкаста материја, која била пронајдена и одземена.

Двете лица набрзо биле приведени, а по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top