Полицијата затекна девет странски државјанки кои забавувале гости во угостителски објект во Тетово.
Според информациите на МВР, вчеравечер од 23 часот и 35 минути до 50 минути по полноќ полицијата спроведе акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово.
При контролата, во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале присутните гости. Девет од затекнатите женски лица биле странски државјанки, од Србија, Украина, Албанија, Молдавија, Литванија, Бугарија и Русија, на различна возраст од 20 до 34 години.
Тие се приведени заедно со 24-годишен вработен во објектот и две женски лица од нашата земја.
Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.