Приведени петмина дрвокрадци во Прилепско, одземени околу 11 кубни метри дрва

пред 3 години

Полициски службеници од Прилеп вчера извршиле засилени контроли на повеќе локации во Прилеп за откривање на случаи на бесправно сечење огревни дрва.

Како што информираат од МВР, притоа во повеќе возила биле пронајдени и одземени околу 11 кубни метри огревни дрва, кои биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, а лицата кои ги управувале биле лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На патниот правец Плетвар – село Царевиц биле затекнати четири патнички возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва и тоа: патничко возило „фолксваген поло” со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.С. (35) од Прилеп, а сопатник бил Т.Р. (32) од Прилеп, патничко возило „опел астра” со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р. (45) од Прилеп, патничко возило „сеат толедо” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (47) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.П. (45) од Прилеп.

На патот кон Вештачкото езеро, во близина на селото Дервен, биле пронајдени две оставени возила „лада нива”, од кои едното било натоварено со дрва.

Над манастирот Св. Ѓорѓи биле пронајдени и подигнати бесправно исечени огревни дрва, додека на место викано „Борила“ и место викано „Леково“ биле пронајдени две, односно четири запрежни возила натоварени со огревни дрва.

Share
Scroll to Top