Приведени разбојници во Сарај кои краделе од банкомати

пред 3 години

Четири лица се приведени по претреси од полицијата во Сарај, бидејќи краделе од банкомати.

Од МВР информираат дека претреси биле вршени во селото Долно Свиларе, при што се пронајдени муниција и пшредмети поврзани со извршени кривични дела.

„Приведени се Р.Р. (33), Г.К. (36), М.Ф. (27) и Е.М. (32) поради основно сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ на банкомати на банка во Кичево, како и нелегално поседување оружје и распрскувачки материјали“, велат од полицијата.

Лицата со соодветна кривична пријава се предадени на ОЈО Кичево за натамошна постапка.

Share
Scroll to Top