Приведени седум лица од Боговиње поради тепачка

пред 3 години

Седум лица од тетовското село Боговиње вчера биле приведени од страна на полицијата поради физичка пресметка.

„Б.М.(42), А.М.(53), З.М.(41), Е.Б.30), И.Б.(29), Ќ.Б.(58) и В.Б.(32), сите од с.Боговиње, тетовско, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која користеле тврди и остри предмети. Тие биле задржани во полициска станица за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Подоцна, при претрес извршен во домот на Ќ.Б.(58), биле пронајдени гасен пиштол, куршуми и нож. По документирање на случајот против пријавените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Share
Scroll to Top