Приведени тројца кумановци за кражба на предмети од возила

пред 2 години

Приведени се тројца кумановци за кражба на предмети од автомобили.

Според информациите, Љ.Ѓ.(19), К.С.(19) и С.С.(18) се сомничат дека на 09.11.2021 одзеле предмети од три патнички моторни возила на различни локации од Куманово.

Тие биле приведени во полициска станица, а украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.

Share
Scroll to Top