Денеска во 12.30 часот на автопатот А1 во близина на клучка Демир Капија од полициски службеници од Полициска станица Михајлово приведени се Д.К.О.(32), А.К.М.(25) и М.К.Р.(48) сите од Куба затоа што при проверка во службената евиденција било констатирано дека истите незаконски влегле во државата.
Од полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ е констатиран прекршок по Закон за странци за сторен прекршок незаконски престој предвиден во член 147 став 1 алинеја 1 казнив по член 217 став 1 точка 1 од Законот за странци.
По насока на судија од Основен Суд Неготино на лицата им се издадени Решенија за враќање на странец со рок да ја напуштат територијата на државата.