Приведени тројца странски државјани во Демир Капија – незаконски влегле во државата

пред 2 години

Денеска во 12.30 часот на автопатот А1 во близина на клучка Демир Капија од полициски службеници од Полициска станица Михајлово приведени се Д.К.О.(32), А.К.М.(25) и М.К.Р.(48) сите од Куба затоа што при проверка во службената евиденција било констатирано дека истите незаконски влегле во државата.

Од полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ е констатиран прекршок по Закон за странци за сторен прекршок незаконски престој предвиден во член 147 став 1 алинеја 1 казнив по член 217 став 1 точка 1 од Законот за странци.

По насока на судија од Основен Суд Неготино на лицата им се издадени Решенија за враќање на странец со рок да ја напуштат територијата на државата.

Share
Scroll to Top