Приведени четворица албански државјани за незаконит риболов во Преспанското Езеро

Приведени четворица албански државјани за незаконит риболов во Преспанското Езеро

пред 10 часа

Полицијата денеска приведе четворица државјани на Албанија поради незаконит риболов во Преспанското Езеро.

Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов.

Од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница. На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од околу 60 килограми.

По целосното документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Текстот Приведени четворица албански државјани за незаконит риболов во Преспанското Езеро е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top