Приведени четири лица од Куманово за издржување затворски казни до шест години

пред 3 години

Полицијата приведе четири лица од Куманово коишто треба да издржуваат затворски казни до шест години. На 16.10.2020 во 08.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле Б.С.(26) од Куманово за издржување казна затвор од пет ипол години во Затворот Идризово за извршено кривично дело „обљуба“. Тој е спроведен во затвор на издржување на казната.

На 10.10.2020 во 01.25 часот во Куманово, полицијата го привела и Е.Б.(25) од Куманово за издржување казна затвор од една година во Затвор Куманово за „телесна повреда“.

На 13.10.2020 во 00.20 часот во Куманово, полицијата го привела М.Т.(29) од Куманово за издржување казна затвор од една година во Затвор Куманово.

На 15.10.2020 во 09.30 часот во Куманово, полицајците го привеле и М.Д.(28) од Куманово за издржување казна затвор во Затвор Куманово за тешка телесна повреда.

Share
Scroll to Top