Приведено лицето кое упатуваше закани кон новинарот Кристијан Ландов

Приведено лицето кое упатуваше закани кон новинарот Кристијан Ландов

пред 1 час

Триесет и осумгодишен жител на Кичево е лицето кое упатувало заканувачки пораки на „Фејсбук“ кон ковинарот Кристијан Ландов, соопшти МВР.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи постапи по пријава од новинарот и водител на подкастот ‘Претрес’, Кристијан Ландов, за упатени закани преку социјалната мрежа Фејсбук. Имено, на 19.11.2026 година, под објава на Фејсбук-страницата Pretres.mk, поврзана со емисијата ‘Претрес со Ландов’, бил објавен заканувачки коментар кој пријавителот го разбрал како закана по неговата физичка безбедност и обид за заплашување поради неговата професионална работа“,велат од МВР.

Постапувајќи по пријавата, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика утврди дека станува збор за И.М. (38) од Кичево.

„Во координација со СВР Охрид, преку Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, лицето е повикано на информативен разговор, кој е спроведен на 23.11.2026 година. Во текот на разговорот, лицето потврдило дека е корисник на профилот од кој бил објавен заканувачкиот коментар“, велат од МВР.

За случајот е известено Основното јавно обвинителство Скопје, а во тек се активности за прибавување и обезбедување дополнителни електронски докази потребни за постапката, по што до надлежното обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок.

 

Текстот Приведено лицето кое упатуваше закани кон новинарот Кристијан Ландов е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top